Дискриминацијата по основа на етничка припадност – втора најзастапена - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дискриминацијата по основа на етничка припадност – втора најзастапена PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 28 март 2011 14:24

[Прес соопштение] МЦМС ја истражуваше „Дискриминацијата во Македонија по основа на етничка припадност". Анкетирањето на граѓаните е направено во декември 2010 година.

Дискриминацијата по основа на етничка припадност – втора најзастапена

Мнозинството граѓани (53,3%) сметаат дека има дискриминација во Македонија, а дискриминацијата по основа на етничка припадност е втора најзастапена (по политичката припадност). Регистрираната перцепирана дискриминација од 67,7% е повеќе од двојно поголема отколку доживеаната (како жртва или сведок) - 31,9%. Преовладува мислењето дека дискриминацијата е зачестена во последните 5 години.

Најчести области на оваа дискриминација, според личните искуства на граѓаните се: работните односи (вработувањето), услугите во јавниот сектор (јавна администрација, а особено полицијата и здравствените услуги), но и во приватните услуги (кафе-барови, дискотеки, базени), како и образованието.

Мнозински се мислењата (над 50% од испитаниците) дека во секторите здравство, образование, правосудство и безбедност/полиција има дискриминација. Етничките Албанци сметаат дека има поистакната дискриминација заради етничката припадност во секторите земјоделство и култура. Повеќе граѓани (79%) мислат дека дискриминацијата во областа на вработувањето е почеста во државниот, отколку во приватниот сектор (54%).

Се уште има мнозинска поддршка (57,9%) припадник на друга етничка заедница да биде избран на висока политичка функција, но помалку во однос на 2009 година (66%).

Големо мнозинство, 72% граѓани би пријавиле случај на дискриминација по основ на етничка припадност, доколку им се случи нив или бидат сведоци. Тоа не е во согласност со одговорите на прашањата за личните искуства со случаи на дискриминација и праксата (бројот на пријавени случаи во институциите последниве години е околу 20 случаи годишно – сите кај Народниот правобранител на Република Македонија). Иако перцепцираат дискриминаторско постапување на полицијата, тоа е институцијата кон која прво би се обратиле најголем дел од граѓаните во случај на дискриминација.

Истражувањето е дел од проектите на МЦМС финансиски поддржани од ОБСЕ. Анкетата ја направи Институтот за демократија „Социетас цивилис", во декември 2010 г., на примерок од 1.074 испитаници, репрезентативен по основа на пол, етничка припадност и региони.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дискриминацијата по основа на етничка припадност – втора најзастапена