Во Македонија и не е така лошо! - Некои факти за конфликтот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во Македонија и не е така лошо! - Некои факти за конфликтот PDF Печати Е-пошта
Четврток, 18 август 2011 00:00
Индекс на артиклот
Во Македонија и не е така лошо!
Што е всушност конфликтот?
Некои факти за конфликтот
Иницијативите за помирувањето
Медиумите во Северна Ирска
Како учесниците ја видоа Северна Ирска
Сите страни

Некои факти за конфликтот

Конфликтот на островот датира од 12 век кога во Ирска пристигнале доселеници од Британија. Во 1916 година е кренато востанието во Даблин против улогата на Британија на островот. Во 1921 година е потпишан договор кој водел кон воспоставување на слободна Ирска држава составена од 26 региони. Останатите 6 региони останале во составот на Северна Ирска, а таа останала во составот на Британското кралство.

fakti

30-годишниот конфликт меѓу протестантите и католиците во Северна Ирска започнал во 1968 година со кампањата за граѓански права на католичката заедница.

  • Протестантите и католиците не се согласуваа за многу прашања, на пример ни за тоа како да ја викаат државата. Тие дури различно ги именуваат некои од градовите.
  • За време на 30-годишниот конфликт животот го загубиле повеќе од 3.600 лица
  • Договорот од Велик петок (или Велигденскиот договор) е донесен на 10 април 1998 година.
  • 20% од „мировните ѕидови" се направена по Договорот.
  • 95% од учениците учат во поделени училишта. Најголем дел од нив не се среќаваат со „другите" до запишување на факултет, а некои ни тогаш.
  • 97% од јавните установи се сегрегирани.
  • 70% од луѓето велат дека повеќето од нивните пријатели се од иста религија.
  • 10% од браковите се мешани
  • Нема вистински средби меѓу заедниците. Меѓусебно не се посетуваат или тоа се случува многу ретко.
  • Дури и во спортот се поделени: протестантите навиваат за Глазгов ренџерс, а католиците за Селтик.


 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Во Македонија и не е така лошо! - Некои факти за конфликтот