Соработката на локалната власт со граѓанскиот сектор е услов за добро владеење - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Соработката на локалната власт со граѓанскиот сектор е услов за добро владеење PDF Печати Е-пошта
Среда, 30 ноември 2011 12:24

На 25 ноември 2011 г. на Скопскиот саем МЦМС ја одржа националната конференција „Граѓански дијалог на локално ниво: размена на искуства“. Конференцијата беше дел од саемот на општините ЗЕЛС ЕКСПО.

IMG 9364

Целта на конференцијата беше да се споделат резултатите и искуства од пилот општините Битола, Дебар и Јегуновце во кои преку консултативен процес се подготвија стратегии за соработка со граѓанскиот сектор, како и да се истакне важноста и потребата од граѓански дијалог и соработка на локално ниво.

Досегашните достигнувања во рамките на проектот ги претстави Димче Митрески, извршен директор на МЦМС: подготвените публикации – Компаративен преглед од пет земји; Домашната анализа; трите стратегии; консултативни процеси во трите општини во кои беа вклучени преку 120 учесници.

Присутните ги поздрави Сашо Лазаровски, заменик министер за локална самоуправа кој нагласи дека соработката со граѓанскиот сектор е услов за добро владеење на локално ниво и дека локалните власти имаат одговорност да ја вклучат пошироката јавност во планирањето на развојот на општината, во утврдувањето на заедничките приоритети и во реализацијата на проектите. Трите стратегии на кои им е заедничка крајната цел - развојот на локалната заедница, треба да им послужат како добар пример и на останатите општини.
Заменик министерот ја истакна подготвеноста Министерството за локална самоуправа и во иднина да ги поддржува општините, како партнер во обезбедувањето на техничка и финансиска помош.

Ирена Иванова, раководител на програми во Делегацијата на Европската Унија изрази задоволство од спроведувањето на проектот во кој со малку финансиски средства се направија значителни продукти. Таа најави дека, достигнувањата во овие пилот општини ќе бидат добар пример за регионалните стратегии за соработка со граѓанските организации чие донесување  Европската унија планира да поддржи наредната година. Таа  нагласи дека трите стратегии треба да им покажат и на граѓанските организации од другите општини дека иницијативата за подобра соработка треба да ја преземат самите тие во своите општини.

IMG 9385Својата посветеност во развивање на соработката на локално ниво ја повтори и Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС кои учествуваа во проектот преку претставник во Програмскиот одбор на проектот.

За значењето на стратегија за соработка со ГО за општина Дебар и за нејзиниот придонес за граѓанскиот сектор зборуваше Арберор Баша, советник за ЛЕР во општина Дебар: „Општина Дебар како главен актер за иницијативи од јавен локален карактер, преку овој документ претендира не да замолчи туку да мотивира, не само да зборува, но и да слушне, не да контролира, но и да создава клима каде што граѓанскиот сектор во вистинска смисла ќе се развие. Се претпоставува дека развиените механизми ќе придонесат кон поконсолидиран и пооддржлив граѓанскиот сектор.“

Важноста и потребата од граѓански дијалог и соработка на локално ниво во своето излагање ја претстави Емина Нурединоска, раководител на одделение за граѓанско општество во МЦМС.  Таа ги истакна клучните документи и препораки за вклучување во креирање на политиките на ниво на Европската Унија и Советот на Европа, како и трендовите на вклучување во земјите од регионот. Дополнително направи осврт на законската рамка за развивање на соработката на локално ниво како и досегашната пракса во општините во Македонија.

На крајот, Виолета Налевска, советник за ЛЕР и задолжена за соработка со граѓанските организации во општина Битола ја претстави Стратегијата за соработка со граѓанските организации и нивниот постојан развој во општина Битола. Таа зборуваше за шестте стратешки цели, очекуваните резултати и планираните активностите за следните четири години од 2012 до 2015 година.

Конференцијата се организираше во рамките на го проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“ кој е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје од ЕИДХР.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Соработката на локалната власт со граѓанскиот сектор е услов за добро владеење