Од ракување до заеднички проекти - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Од ракување до заеднички проекти PDF Печати Е-пошта
Петок, 03 Февруари 2012 16:30

Во Елбасан, Албанија на 30 и 31 јануари 2012 г. се одржа работилница за вмрежување и соработка меѓу  21  граѓанска организација од регионите: Полог, југозападна Македонија, Дибра и Елбасан.

IMG 4076

Целта на работилницата беше да се идентификуваат приоритетни прашања и испланираат заеднички активности во пограничниот регион меѓу Албанија и Македонија.

Со цел да се согледаат проблемите од двете страни на границата, на почетокот учесниците од двете земји ги претставија акциските планови кои ги подготвија во текот на 8-те состаноци и работилници во Струга, Маврово, Елбасан и Пешкопеја. По изборот на приоритетни заеднички проблеми, учесниците имаа можност да разработат логички рамки во пет работни групи во полето на економскиот развој, социјалната кохезија и културата. Посебно важно за учесниците беше и претставување на можните извори за финансирање на активности во пограничните зони.

IMG 2628

Работилницата заврши со симулација на НВО Саем, на кој учесниците имаа можност да ги претстават своите организации и да запознаат потенцијални партнери за проектите во иднина. Покрај ова, учесниците посетија и се запознаа со две поголеми и активни граѓански организации во Елбасан, и тоа: „Во полза на жената“ и „Друга визија“. Двете организации работат со ранливи целни групи, на кои преку дополнително образование и можности за работа им овозможуваат подобар живот.

IMG 2634

Работилницата беше дел од проектот „Прекуграничен форум на граѓански организации“, кој го спроведуваат МЦМС, ЕД „Дешат“ и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА – Прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија. Претходно беа одржани по два состанока за вмрежување во Македонија и во Албанија; обука за вмрежување и партнерство во Маврово и работилници за вмрежување и партнерство во Маврово и Струга, на македонска и во Елбасан и Пешкопеја, на албанска страна. Во март 2012 г. ќе биде организиран и дводневен пограничен НВО Саем.

IMG 2631

Како што рече еден од учесниците, на почетокот од проектот не знаевме организации од Албанија, потоа само се ракувавме, а сега планираме заеднички активности и се поздравуваме со прегратка.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Од ракување до заеднички проекти