Фокус на размена на искуства и нова соработка на првиот ден на Форумот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Фокус на размена на искуства и нова соработка на првиот ден на Форумот PDF Печати Е-пошта
Петок, 23 март 2012 17:56

Првиот ден на Прекуграничниот форум на граѓанските организации донесе три форумски расправи и еден социокултурен настан.

IMG 1016

Форумот го отвори Невзат Бејта, министер за локална самоуправа, а на присутните им се обратија и градоначалниците на општините Дебар и Пешкопеја, Аргетим Фида и Илир Кроси и извршните директори на МЦМС, Алксандар Кржаловски и на ИДМ, Сотираќ Хрони.

Заинтересираните имаа можност да слушнат и разговараат за Предизвиците на прекуграничната соработка. Даниела Стојанова ги презентираше идентификуваните проблеми и предлозите за нивно надминување во рамките на проектот Прекуграничен форум на граѓански организации, како што се ко-финансирањет на проектите, недоволниот капацитет на локалните организации и институции, недостатокот од комуникација меѓу актерите од пограничниот регион. Фатмир Битиќи ја презентираше оценката на процесот на аплицирање во првиот повик за прекугранична соработка во сите земји на Западен Балкан, а Сања Марковска, искуството на Локалната агенција за развој од Струга во спроведувањето на проектот за прекугранична соработка.

Мирјана Пехчевска Поп-Илиева и Валентина Атанасовска од канцеларијата на ТАКСО во Македонија ја презентираа регионалната база на граѓански организации, а за проблемите, предизвиците и перспективите на младите во Македонија и Албанија зборуваа Меритон Доволани, Фадрија Мустафоска и Милка Јосифоска.

Организацијата на жени Радика приреди ревија на народни носии.

Најголем дел од учесниците рекоа дека се на Форумот заради размена на искуства и идеи, воспоставување соработка со нови организации и поинтензивна комуникација внатре во граѓанскиот сектор.

Форумот продолжува утре во 10 часот. Ќе бидат организирани четири форумски сесии и три социокултурни настани.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Фокус на размена на искуства и нова соработка на првиот ден на Форумот