Европска консултација за партнерството за ефективен развој - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Европска консултација за партнерството за ефективен развој PDF Печати Е-пошта
Петок, 20 јули 2012 09:29

На 3 и 4 јули оваа година, во Белград се одржа европската консултација на граѓанските организации за процесот на партнерство за ефективен развој (CSO Partnership for Development Effectiveness - CPDE). Четириесетина учесници од различни земји разговараа за предлог текстот на CPDE и ги кажаа своите забелешки и сугестии за подобрување. На конференцијата од МЦМС присуствуваше Гонце Јаковлеска.

523454 412400422139910_713985521_n

Учесниците побараа да се појасни терминологијата, да се реорганизираат резултатите, стратегиите, принципите и активностите, да се дефинира временската рамка за очекуваните постигнувања. Иако засега во коалицијата нема формално членување на граѓанските организации учесниците дискутираа и за оваа можност, односно за тоа кој би можел да биде член. Дел од сугестиите беа дека заинтересираните организации треба да се согласат со Истамбулските принципи и да има минимум информации за да бидат прифатени како членки. Се зборуваше и за управувањето и отчетноста и беше побарано појаснување на документот, на пример кај дефинирањето на механизмите за отчетност меѓу регионалните и субрегионалните нивоа итн. Учесниците подолго разговараа и за можните субрегиони на европскиот регион.

Ова партнерство за ефективен развој е отворена платформа што ги спојува граѓанските организации од целиот свет. Платформата е организирана на сите нивоа, од локално до национално и глобално.

Европската консултација беше организирана со помош на Concord, Better Aid, Open Forum for CSO Development Effectiveness, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Граѓански иницијативи.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Европска консултација за партнерството за ефективен развој