Политичките партии и програмите за локалните избори - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Политичките партии и програмите за локалните избори PDF Печати Е-пошта
Среда, 20 март 2013 19:09

Политичките партии на овие локални избори, низ програмите, како да даваат писмено ветување за проектите што планираат да ги реализираат во мандатот. Понудата на програми на политичките партии, односно на нивните кандидати за градоначалници е навистина голема. На „Мојот избор“ можете да погледнете вкупно 171 програма. Од нив, 166 се програми направени за секоја од општините каде што политичката парија има свој кандидат, а една е на кандидат предложен од група избирачи. Четири од политичките партии имаат општи програми.

partii-programi-mojot-izbor

На веб страницата можете да ги погледнете програмите по политички партии. Ќе забележите дека од 22 политички партии колку што учествуваат на локалните избори, 11 имаат подготвено програми, а една е од група избирачи. Програмите можете да ги пребарувате и по општини. Така ќе можете да споредите што нудат различни кандидати во истата општина.

Од денес, МЦМС и ИДСД започнаа со споредувањето и анализирањето на дел од програмите во вкупно осум општини. Тоа можете да го видите во делот за анализи.

Во делот ’Партиите на Daily.mk’ можете да го видите интересот на медиумите за политичките партии, односно колку известуваат за нив.

Искористете ја можноста и информирајте се за понудата на политичките партии за вашето место, погледнете на http://www.mojotizbor.mk/izbori-2013/partii-i-programi.html

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Политичките партии и програмите за локалните избори