Од норма до пракса за еднаквост - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Од норма до пракса за еднаквост PDF Печати Е-пошта
Недела, 30 јуни 2013 00:00

МЦМС заедно со Полио плус ќе го спроведуваат проектот „Од норма до пракса“ посветен на следење на спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД), на поддршка на работата на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) и истражување на степенот на дискриминација по различни основи во Македонија.

Bilbord-progres-pecat

Проектот има три компоненти: Подигање на свеста на јавноста и носителите на одлуки; Зголемување на видливоста и капацитетите на КЗД; и Соработка за борба против дискриминацијата. Активностите се дебати и анализи за состојбата со дискриминација на различни основи, веб-страница и бесплатна телефонска линија на КЗД, Водич за граѓаните „Од жалба до решение“, годишен извештај на КЗД, скроени тематски обуки, јакнење на Секретаријатот за КЗД, преглед и проценка на локални политики и пракси за заштита од дискриминација во десет општини, состаноци со собраниски комисии, истражување „Барометар за еднакви можности“ и др.

Проектот е финансиран од програмата на Европската Унија „Прогрес“, а ко-финансиран од водечката организација Полио плус, МЦМС и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а ќе се спроведува до февруари 2014 г.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Од норма до пракса за еднаквост