Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Одржана првата седница на новиот состав на Управниот одбор PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 29 јули 2013 13:11

Новиот состав на Управниот одбор (УО) на МЦМС ја одржа својата прва седница на 25 јули 2013 г. За претседавач на УО е избран Ризван Сулејмани, кој и во изминатиот четиригодишен мандат ја вршеше оваа функција. За заменик-претседавач на УО беше избрана Габриела Мицевска.

odrzhana-prvata-sednica-na-noviot-sostav-na-upravniot-odbor-1

На седницата беше разгледан и одобрен полугодишниот деловен извештај за 2013 г. МЦМС оствари висока реализација на проектното портфолио, поточно во првото полугодие започна 11, а спроведуваше вкупно 16 проекти (вклучувајќи ги проектите започнати во претходната година).

odrzhana-prvata-sednica-na-noviot-sostav-na-upravniot-odbor-2

Управниот одбор ја одобри и програмата „Борба против корупцијата (БПК)“, финансирана од УСАИД, а беше разгледан и одобрен и Правилникот за доброволна работа и учење низ работа, со кој се уредуваат условите и начинот за доброволната работа и учењето преку работа; вршењето избор; правата и обврските на доброволците и практикантите; надоместоците; и организацијата и управувањето на доброволната работа и учењето преку работа и вршењето надзор.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Одржана првата седница на новиот состав на Управниот одбор