Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во новата фаза Цивика мобилитас ќе биде движечка сила за одржливо граѓанско општество PDF Печати Е-пошта
Вторник, 18 ноември 2014 20:40

Денес (18 ноември 2014 година), во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше промовирана новата фаза на програмата Цивика мобилитас која им е наменета на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество и ќе трае четири години. 

Vo novata faza Civika mobilitas kje bide dvizhechka sila

Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци и е донација на СДЦ/Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија. Програмата ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

На присутните им се обрати Амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, неговата екселенција Стефано Лазарото. „Би сакале да ги видиме граѓанските организации фокусирани првенствено на нивното членство, на граѓаните, да ги видиме како ги штитат правата на граѓаните и ги застапуваат нивните интереси“, рече Амбасадорот Лазарото и додаде дека транспарентноста на организациите кон граѓаните ќе им ја зголеми довербата, ефикасноста и одржливоста. 

Програмата ја презентираше Александар Кржаловски, националниот водач на тимот и прв извршен директор на МЦМС. „Во следните четири години Цивика мобилитас ќе тежнее да достигне критична маса на граѓански организации кои активно се ангажираат во постигнување општествени промени во Македонија“, рече тој. 

Vo novata faza Civika mobilitas kje bide dvizhechka sila 2

Визијата на Цивика мобилитас е Македонија во која граѓанското општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на земјата и на сите нејзини граѓани. Таа ќе настојува да биде движечка сила за одржливо граѓанско општество. 

Активностите на програмата се организирани во три компоненти: учење и вмрежување, финансиска поддршка (грантови) и истражување и развој. Учењето и вмрежувањето ќе се реализираат преку поддршка, околу триесетина форуми, фасилитација и менторство. Финансиската поддршка се состои од четири типа грантови: институционални, акциски, мали и ад-хок. Третата компонента предвидува истражувачки активности во областите на доброто владеење, децентрализацијата, граѓанското општество, како и во родовите прашања, меѓуетничките односи и миграциите.

Ова е втора фаза од спроведувањето на Цивика Мобилитас. Првата фаза беше спроведена во периодот 2009-2013 година, од страна на Центарот за институционален развој (ЦИРа).

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Во новата фаза Цивика мобилитас ќе биде движечка сила за одржливо граѓанско општество