Покана за настан на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Покана за настан на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Среда, 29 април 2015 10:10

Тимот на Цивика мобилитас со задоволство Ве поканува на настаните што ќе се одржат на 5 мај (вторник) 2015 година од 10.00 до 16.00 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Покрај свеченото доделување на институционалните грантови, пред присутните ќе бидат презентирани акциските грантови за кои веќе е отворен повикот, а ќе бидат најавени малите грантови за локални општествени акции и ад-хок грантовите.

За дополнителни информации за настаните можете да контактирате со Адил Бакиу на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефон: 02/3065-381.

Линијата за поддршка на Цивика мобилитас ќе биде на располагање на сите учесници од 10 до 16 часот во холот на МКЦ. Во истиот период, од 10 до 16 часот во Кафе МКЦ, ќе се одржат и билатералните состаноци на тимот на Цивика мобилитас со апликантите и другите заинтересирани учесници. http://mkc.mk/category/prostori

 

agenda-cm

 

Пријавете се за учество на настанот со пополнување на онлајн формуларот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Покана за настан на Цивика мобилитас