Во март ќе бидат познати новите институционални грантисти на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во март ќе бидат познати новите институционални грантисти на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Вторник, 02 Февруари 2016 10:10

МЦМС ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот циклус на институционални грантови од програмата Цивика мобилитас. На повикот што беше отворен од 27 ноември 2015 година до 15 јануари 2016 година беа поднесени вкупно 126 пријави.

Vo mart kje bidat poznati novite institucionalni grantisti na Civika mobilitas

Пријавените организации се од сите осум плански региони. Најголем број од пријавите се од Скопскиот регион (77), потоа од Пелагонискиот (14), од Полошкиот (12), од Источниот (7) од Вардарскиот (6), по четири од Југозападниот и од Североисточниот и две од Југоисточниот регион. Организациите се активни во најголем дел од стратешките сектори на програмата, на локално, регионално, национално и на меѓународно ниво, со различни годишни буџети и години на постоење.

Претходно, од 9 до 22 декември 2015 г. за подобро информирање на заинтересираните граѓански организации, Цивика мобилитас одржа пет информативни сесии и тоа во Тетово, Кочани, Прилеп, Кавадарци и во Скопје. На сесиите учествуваa над 80 претставници на вкупно 64 граѓански организации и други актери.

Се очекува одлуката на Комисијата за избор на грантови да биде донесена во првата половина на март, по што ќе бидат известени и пријавените организации.

Бројот на пријави на вториот повик на Цивика мобилитас за институционални грантови е за 40 % помал во однос на првиот повик, но програмата, во овој речиси едногодишен период, додели (покрај првите 16 институционални) уште 34 акциски, специфични акциски, мали и ад хок грантови. Така што, во моментов, со грантовска поддршка на Цивика мобилитас се опфатени вкупно 50 организации или неформални иницијативи.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Во март ќе бидат познати новите институционални грантисти на Цивика мобилитас