Финансирањето на политичките партии и трошењата на буџетите во изборниот процес - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Финансирањето на политичките партии и трошењата на буџетите во изборниот процес PDF Печати Е-пошта
Четврток, 18 Февруари 2016 10:50

На 10 и 11 февруари 2016 г. во хотелот Арка во Скопје, беше одржана обука за членките на Платформата на граѓански организации за борба против корупција, на тема Следење на финансирањето на политичките партии и трошењата на буџетите во предизборниот и изборниот процес. На обуката учествуваа 15 претставници од седум организации.

Finansiranjeto na politichkite partii i troshenjata na budzhetite vo izborniot proces 1

Обучувачи беа д-р Слаѓана Тасева и Дарко Дисовски од Транспаренси интернешнл – Македонија (ТИ-М), д-р Борче Треновски од Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Суад Мисини од Истражувачкиот центар за граѓанско општество (ИЦГО).

Во текот на првиот ден Тасева и Дисовски ја презентираа законската рамка за финансирањето  на политичките партии, како и методологијата за следење на трошењата за рекламирање на политичките партии во предизборниот и изборниот процес. Понатаму, Треновски даде осврт на буџетската транспаретност и начинот на трошење на јавните пари во текот на последните неколку изборни циклуси, при што учесниците имаа можност да добијат интересни податоци за можните злоупотреби на буџетот за предизборни цели.

Finansiranjeto na politichkite partii i troshenjata na budzhetite vo izborniot proces 2

Во текот на вториот ден, Мисини се осврна на улогата на надзорните тела за контрола врз финансирањето на политичките партии, и беа презентирани и повеќе практични примери за незаконско дејствување.

Обуката беше дел од активностите за градење на капацитетите на Платформата на граѓански организации за борба против корупција, во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција, спроведувана од МЦМС.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Финансирањето на политичките партии и трошењата на буџетите во изборниот процес