Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонија се соочува со галопирачка миграција PDF Печати Е-пошта
Четврток, 06 јули 2017 12:17

Креирање регионални миграциски профили, засилен мониторинг на институциите од што краен производ ќе бидат извештаи и препораки кои ќе влијаат на моменталната состојба, „лобирање“ за промени во образовниот систем со акцент на дисперзираните студии, поттикнување на младинската работа и неформалното образование, сегментирана дебата што ќе ги опфати и адресира сите недостатоци – ова беа некои од предлозите кои произлегоа од дискусијата во работилницата под наслов „Заедно за акција: Потенцијалите од миграцијата за Македонија“ која беше дел од тематскиот форум на Цивика мобилитасПредизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“. 

Makedonija se soochuva so galopirachka migracija

Работилницата имаше за цел да ги сумира заклучоците од панелот на тематскиот форум и да даде препораки на кој начин граѓанскиот сектор би можел да влијае во оваа област. Учесниците беа согласни дека Македонија се соочува со галопирачка миграција како резултат на нефункционалноста на системот. Работилницата и форумот се одржаа на 5 јули 2017 година во Чифте Амам во Скопје.

 
civica-logo
tacso-logo

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Македонија се соочува со галопирачка миграција