МЦМС на Скопскиот маратон 2018 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС на Скопскиот маратон 2018 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 08 мај 2018 11:27

По повод јубилејот „25 години МЦМС“, екипа од деветмина соработници го претставуваше МЦМС на овогодинешниот Виз Ер Скопски маратон.

mcms na skopski maraton

Александра Савевска, Борис Ристовски, Борче Јакимовски, Валентина Атанасовска, Гонце Јаковлеска, Горан Стаматоски, Моника Божиновска, Симона Трајковска и Фанија Ивановска беа дел од 10-те илјади спортисти и рекреативци кои ги наполнија скопските улици со својот спортски дух и ентузијазам.

По пауза од неколку години, ова е четврти пат тим на МЦМС да трча на Скопскиот маратон. За прв пат вработените си ги одмерија силите во 2011 година, па во 2012 и потоа во 2014 година.

Екипата што учествува на Скопскиот маратон расте со се поголемото омасовување на манифестацијата. Се надеваме така ќе биде и догодина.

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС на Скопскиот маратон 2018