И ова лето, пет студенти од дијаспората ќе ја запознаат Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

И ова лето, пет студенти од дијаспората ќе ја запознаат Македонија PDF Печати Е-пошта
Сабота, 30 јуни 2018 12:57

„Пред осум години кога мојата прва внука учеше да зборува, јас ја терав да ме нарекува со македонскиот збор „дедо“. Во еден момент сфатив дека овој збор со четири букви е единствената врска помеѓу мојата внука и моето македонско потекло. Исто така сфатив дека таа врска ќе исчезне во моментот кога јас нема да бидам повеќе жив, бидејќи моите внуци нема да имаат повеќе причина да го користат. Морав да сторам нешто по тоа прашање“, рече Питер Даглас, човекот кој го осмисли проектот „Родум од Македонија“, на вчерашното свеченото отворање на истиот.

DSC 0050

Александар Бунев (Alexander Bouneff), Кристина, Емилија Димитриевски, Еван Симов (Evan Simoff), Кристина Блажевска, Ванеса Овен (Vanessa Owen) ќе бидат на студиски престој кој е комплементарен на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси. Праксата ќе ја обавуваат во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, во градската општа болница 8-ми Септември, Таскфорс БПО и во клиниката „Жан Митрев“. За време на нивиот престој, тие ќе живеат со семејства-домаќини и одблизу ќе можат да го видат секојдневието и културата на Македонците, како и да ги посетат значајните културни манифестации што ќе се одвиваат во тој период.

„Иако по четврти пат ја слушам приказната на Питер за неговата мотивација и начинот на кој овој проект заживеа, невозможно е да останам рамнодушен. Ние во 2015 прифативме да учествуваме со цел да помогнеме да се оствари, бидејќи гледаме колку им значи на овие луѓе да се запознаат со земјата од која потекнуваат“, рече  Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС.

Учесниците изразија задоволство од тоа што се тука. Тие имаат големи очекувања од културен аспект и од нивната практична настава. „Мојот дедо ми ја покажуваше оваа програма изминативе две години и кога конечно ја разгледав, сфатив дека ова е нешто што сакам да го направам“, рече Александар кој доаѓа од Портланд, Орегон.

DSC 0063

 

Пред присутните се обратија и Александра Мургоска, која е заслужна за остварувањето на врската меѓу Питер Далас и МЦМС; Џејмс Цветковски (James Cvetkovski), кој беше минатогодишен учесник на програмата но останува да ја одржува врската со Македонија и Трајче Николов, член на Генерацијата М, проект на ОМД. Тие се сложија дека главната причина поради која се враќаат во земјата е пред се гостопримливоста и љубезноста на луѓето, а и затоа што се чувствуваат одговорни дека треба да и возвратат на нивната татковина.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како локален партнер, по четврти пат го спроведуваат „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) чија примарна цел е младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во Македонија.

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести И ова лето, пет студенти од дијаспората ќе ја запознаат Македонија