Здруженијата од Радовиш со силна меѓусебна поддршка - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Здруженијата од Радовиш со силна меѓусебна поддршка PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 април 2019 00:00

20190425 МРЦ Радовиш 2Најсилната страна на граѓанските организации во Радовиш е соработката помеѓу помалите и посилните здруженија, најчесто фокусирана на отстапување простор и други ресурси при организирање активности. Ова беше истакнато за време на Мобилниот ресурсен центар на 24 април 2019 год., кој беше организиран со помош на Националната библиотека „Браќа Миладиновци“, здруженијата „Целор“ и „Круна Плус“, како и Општина Радовиш.

Организациите од оваа општина се соочуваат со истите предизвици како и останатите здруженија од источниот регион: недостаток на едуциран кадар за пишување и раководење со проекти, потреба за обезбедување кофинансирање и недостаток на простор за работа.

Учесниците на средбата ја истакнаа потребата од луѓе со поголемо искуство кои ќе иницираат поголеми акции, а воедно и ќе ги анимираат засега незаинтересираните млади да се вклучат во овој сектор. Исто така, тие имаат потреба од поддршка да се вклучат во поголеми мрежи, за заеднички активности и вклучување во креирање политики, особено на локално и регионално ниво. 

20190425 MRC Radovish 2

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар исто така оствари средба со Герасим Конзулов, градоначалник на Општина Радовиш, на која се дискутираше за соработката со граѓанските организации. 

Локалната самоуправа доделува значителна финансиска помош на организациите на годишно ниво преку отворен повик, на транспарентен начин. Во моментов не постои стратегија и ревидирана методологија за доделување на средствата и следење на трошењата, но сепак општината ја разбира потребата за финансиска поддршка и зависно од проектираните приходи, секоја година го планира и делот од буџетот наменет за здруженијата.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Здруженијата од Радовиш со силна меѓусебна поддршка