Дебарските здруженија со најголем успех на полето на животната средина - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дебарските здруженија со најголем успех на полето на животната средина PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 јуни 2019 09:19

Општина Дебар се карактеризира со автентичен развој на граѓанскиот сектор со повремени остварени соработки со организации и институции од околните општини Центар Жупа и Маврово и Ростуша. За време на Мобилен ресурсен центар во Дебар, претставниците на 10 граѓански организации дискутираа за нивните предизвици, интереси и идеи. Настанот се одржа на 21 мај во соработка со Центарот за одржлив развој на заедницата (ЦОРЗ) Дебар.

20190531 МРЦ Дебар.jpg

Структурата на населението, сочинето од неколку етнички групи, во прв план ги става акциите за подобрување на меѓуетничкиот дијалог. Иако повремените акции на локалните здруженија се недоволни да се зајакне нивното влијание во заедницата, тие сепак бележат успех во зачувувањето на животната средина преку акцијата „Да ги зачуваме балканските реки – Стоп за напливот на хидроцентрали!“.

Здруженијата од Дебар истакнаа дека најголем предизвик е одржливоста и одливот на кадарот од организациите, а додадоа и дека имаат проблем со простории и опрема за непречено работење.

Меѓусебната соработка е на задоволително ниво, но сметаат дека имаат потреба од работилници на кои, заедно со општината ќе ги детектираат приоритетите и на тој начин ќе се вклучат во нејзиниот развој.

Беа истакнати и предностите на соработка со локалните медиуми како и можностите за прекугранична соработка земајќи ја предвид поволната позиција на општината и близината со Република Албанија. Потребни се и акции за вклучување на организации кои застапуваат интереси на лица со попреченост. Иако веќе се преземени активности за јакнење на женското лоби, потребна е континуирана поддршка на овие здруженија.

20190531 МРЦ Дебар (2).jpg

Покрај средбата со локалните граѓански организации, тимот на ГРЦ имаше состанок и со градоначалникот на Општина Дебар,  Хекуран Дука, како и со дел од општинската администрација. Тие беа информирани за работата на Ресурсниот центар во Гостивар и за заклучоците од средбата со локалните граѓанските организации. Градоначалникот истакна дека општината е отворена за соработка со граѓанските организации.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дебарските здруженија со најголем успех на полето на животната средина