Започна петтиот по ред „РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА“ (Birthright Macedonia) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна петтиот по ред „РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА“ (Birthright Macedonia) PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 јуни 2019 14:26

Насмеани лица на шестмина млади луѓе полни со ентузијазам и исчекување можеа да се видат на денешното отворање на „Родум од Македонија“. Никол, Ерин, Кејли, Еван, Марија и Стефани кои доаѓаат од САД, Канада и Австралија се запознаа со нивните домаќини и со претставниците на организациите и институциите каде што ќе ја обавуваат праксата. Веќе утре ќе почне нивниот прв заеднички викенд за запознавање на Скопје и околината. 

Zapochna pettiot po red RODUM OD MAKEDONIJA Birthright Macedonia 2

Проектот е осмислен и развиен од Питер Далас, член на Советот на ОМД кој е роден во САД а има потекло од Гевгелија и од Егејска Македонија, а го спроведуваат заедно  Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Причината за почнувањето на овој проект ја опишува Питер Далас: „Врските слабеат особено кај младите од најпрвите генерации Македонци кои живеат во странство заради растечката асимилација. Затоа, сакав да направам нешто за да им помогнеме на Македонците во странство да ја задржат нивната врска со татковината“, рече тој на денешниот настан.

Анастасија Стојчев (Anastasia Stojcev), Дона Тодоровска (Dona Todorovska), Ерин Велоф (Erin Velloff), Еван Ничов (Evan Nitchov), Никол Крингс (Nikole Krings), Кејли Велоф (Kylee Velloff), Лука Петрушевски (Luka Petrusevski), Марија Аневска (Marija Anevska) и Стефани Таскова (Stefani Taskova) ќе бидат на студиски престој кој е комплементарен на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси. Праксата ќе ја обавуваат во кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во кабинетот на министерот без ресор задолжен за дијаспората, во СОС Детско село, во Центарот за психотерапија и едукација, во Ефект плус, во Бизнис акцелераторот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во компанијата Еуро БПО и во организациите: Институт за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје и Македонската асоцијација на млади правници. За време на нивиот престој, тие ќе живеат со семејства-домаќини и одблизу ќе можат да го видат секојдневието и културата на Македонците. МЦМС се погрижи да ги организира и дополнителните активности за време на викендите кога студентите ќе можат да ги посетат значајните културни манифестации што ќе се одвиваат во тој период. 

Zapochna pettiot po red RODUM OD MAKEDONIJA Birthright Macedonia 1

„Родум од Македонија“ започна во 2015 година и ова е петта година од неговото спроведување. Дел од учесниците од претходните години го нарекоа престојот во Македонија ‘неверојатно искуство’ што треба да го има секој млад човек со потекло од Македонија. Дел од нив беа трета генерација родена надвор од Македонија, а прва кога се враќа во Македонија по иселувањето.  

Примарната цел на „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) е младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во Македонија. Покрај тоа, ваквите активности можат да ја зајакнат довербата и да придонесат кон поинтезивна соработка со дијаспората.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Започна петтиот по ред „РОДУМ ОД МАКЕДОНИЈА“ (Birthright Macedonia)