Најголем дел од мрежите немаат политики кои ја регулираат нивната работа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Најголем дел од мрежите немаат политики кои ја регулираат нивната работа PDF Печати Е-пошта
Вторник, 16 јули 2019 15:25

mapiranje praktiki nivo na otcetnost na mrezite na goНајголем дел од мрежите (41%) немаат воспоставени политики кои ја регулираат нивната работа,  половина од нив спровеле стратешко планирање, а 48% подготвуваат финансиски извештаи. Ова се дел од податоците објавени во извештајот „Мапирање на практики: ниво на отчетност на мрежите на граѓанските организации“.

Мапирањето беше спроведено за да се идентификуваат практиките и нивото на отчетност и транспарентност на мрежите на граѓански организации во земјава, како и да се подготват препораки за интервенција при градењето на нивните капацитети. Наодите од овој извештај ќе послужат и за програмирање на повикот за грантови за мрежи на граѓански организации кој ќе биде објавен во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“.

Истражувањето се спроведе во текот на јануари 2019 година преку онлајн прашалник. Со него беа таргетирани 69 активни мрежи кои дејствуваат во државата, од кои 29 одговорија на прашалникот.

Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ е финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Најголем дел од мрежите немаат политики кои ја регулираат нивната работа