На охридските здруженија не им е искористен целиот потенцијал - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

На охридските здруженија не им е искористен целиот потенцијал PDF Печати Е-пошта
Петок, 25 октомври 2019 00:00

Иако Охрид е една од поголемите општини во државата, таа се соочува со слабо развиен граѓански сектор. Ова беше еден од главните заклучоци за време на Мобилниот ресурсен центар кој се одржа на 25 октомври 2019 година, во соработка со Здружение за мултикултурна интеграција „Инклузија“ од Охрид.

20191025 МРЦ охрид

Како главни проблеми со кои се соочуваат граѓанските организации од оваа општина се недостатокот на просторно-технички услови, намалениот интерес за волонтерство кај младите и одливот на млади кадри. Во насока на решавањето на проблемите на младите, присутните истакнаа иницијативи кои се уште немаат конкретни завршници како што се: младински клуб, локална стратегија за млади и младински совет.

Воедно, како предизвик на организациите се недоволно искористените можностите за прекугранична соработка со Албанија во проекти наменети за поддршка и промоција на туризмот, културното наследство и меѓусебната соработка.

Една успешна охридска иницијатива која присутните ја издвоија беше едукативната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која потоа на национално ниво ја актуелизираше Здружението за лица со ретки болести „Живот со предизвици“. Преку видео, аудио и текстуални пораки, јавноста се запозна со ретките болести, со предизвиците со кои луѓето со ретки болести се соочуваат, како и со начинот на дијагноза и третман.

На територијата на Охрид има голем број на регистрирани организации, меѓутоа многу од нив се недоволно препознаени и поддржани од општината, а исто така недостасува и проактивност и самоиницијативност кај нив самите. На средбата беше истакнато дека локалната самоуправа издвојува буџетски средства наменети за поддршка на активностите на здруженијата и на поединци-активисти од општината, кои сепак не се доволни.

Во рамки на настанот, тимот на Граѓанскиот ресурсен центар ги запозна учесниците со клучните активност на проектот и сподели информации важни за развојот на граѓанските организации поврзани со стратешкото планирање и мобилизирањето ресурси.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести На охридските здруженија не им е искористен целиот потенцијал