Известување - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Известување PDF Печати Е-пошта
Четврток, 12 март 2020 15:01

Почитувани соработници,

Имајќи го предвид развојот на ситуацијата со вирусот Корона во Македонија, во регионот и глобално, како и препораките на Министерството за здравство, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), одлучи да ги одложи сите свои настани планирани до крајот на март оваа година. Од 11 март, МЦМС ја затвори канцеларијата и ги упати соработниците работните обврски да ги обавуваат од дома.

Можете да не контактирате на редовната е-маил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или директно некој од соработниците на е-маил адресите кои се објавени на веб страната на МЦМС https://mcms.mk/mk/za-nas/nasata-struktura.html

Мерките за работа од дома ќе важат најмалку до 16 март 2020 година. МЦМС ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе одлучи за прекин или продолжување на оваа мерка и навремено, преку објава на веб страната и профилот на ФБ ќе ве извести за тоа.

Што се однесува до повикот за грантови за транспарентот кој е во тек, ги упатуваме потенцијалните апликанти да ги следат известувањата следната недела кога ќе ги објавиме евентуалните промени во процесот на доставувањето на пријавите.

Ви благодариме на разбирањето.
МЦМС

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Известување