Анализа на мерките на Владата за време на кризата од КОВИД-19 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Анализа на мерките на Владата за време на кризата од КОВИД-19 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 14 април 2020 16:22

Македонскиот центар за меѓународна соработка ги разработи мерките на Владата со најголем ризик од злоупотреба и корупција, а со кои се предвидува доделување на државна помош и донации, мерките предвидени за јавните набавки како и за инспекцискиот надзор. Од моментот на прогласување на вонредна состојба на 18 март 2020 година до 9 април 2020 година Владата има донесено 101 Уредба, а носи и низа други акти како одлуки, правилници, решенија и сл.

Untitled design

Од анализата може да се забележат неколку предизвици кои произлегуваат од сегашната ситуација.

Најпрво, постои недостаток на транспарентност и отчетност на постапката за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба. За да се надмине овој проблем, потребен е јавно достапен регистар во кој ќе бидат наведени називите на примателите, висината на примени средства, критериумите врз основа на кои се добиени, како и евентуални прекршувања од страна на примателите.

Понатаму, постојат правни недоречености во уредбите кои се однесуваат на Законите за основно, средно и високо образование. За начинот на кој ќе се одвива далечинското учење оставено им е на образовната институција и на професорите сами да одлучат. Ова може да предизвика нееднаков пристап. Исто така, не се утврдува како ќе се контролира процесот што овозможува ризик од негова злоупотреба.

Антикризните тела на централно и локално ниво кои ги креираат и спроведуваат мерките за време на вонредната состојба, немаат претставници на граѓанскиот сектор, со што оние кои директно работат на терен се исклучени од процесите.

За крај, донесени се акти кои ги задолжуваат институциите да постапуваат на начин различен од законот, а притоа не е донесена Уредба со законска сила. Останува нејасно, ако Владата донела заклучоци, кои се во спротивност на Законот за јавни набавки, а нив се уште не донела Уредба со законска сила, како институциите да го почитуваат овој заклучок и дали да работат во спротивност од Законот?

Во услови на криза засилен е притисокот кон државниот систем и кон оние кои ги носат мерките за нејзино сузбивање. Неизвесноста придонесува за околина во која корумпираните актери можат да ја искористат кризата. Од суштинско значење е овластувањата дадени со прогласувањето на вонредната состојба да се остваруваат само за целите за коишто биле доделени.

Анализа на мерките на Владата за време на кризата од КОВИД-19

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Анализа на мерките на Владата за време на кризата од КОВИД-19