Дискусија за соработката меѓу бизнис заедницата и граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дискусија за соработката меѓу бизнис заедницата и граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 28 септември 2020 11:51

Граѓанскиот ресурсен центар ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на онлајн настанот „Важноста на соработката на бизнис заедницата и граѓанското општество за градење на подобро општество “што ќе се одржи на 29 септември 2020г. од 13:30 часот на платформата ЗООМ.

20200928 GRC debata biznis sektor i GO

Претставници од граѓанскиот и приватниот сектор ќе говорат за досегашните искуства од соработката која ја оствариле и ќе понудат практични совети за мобилизирање ресурси. Всушност, оваа тема е од огромно значење за граѓанските организации кои работат на зголемување на својата одржливост и независност од типичните донатори. Настанот ќе понуди нова перспектива за оние организации кои досега не размислувале за мобилизирање локална поддршка од бизнисите, а од друга страна ќе даде конкретни информации за потенцијалот и можностите кои ги нуди ваквата соработа за оние здруженија кои се двоумат или се плашат дека ќе бидат одбиени.

Агенда

13:30 – 13:40 Отворање на настанот и воведно обраќање
– Фрејк Јанмат, Делегација на Европска Унија
– Валентина Атанасовска, Македонски центар за меѓународна соработка
13:40 – 14:00 Соработката меѓу бизнис заедницата и граѓанските организации за време на КОВИД-19
– Соња Бојановска, Тинекс
– Душко Христов, Банка за храна
14:00 – 14:30    Можности за континуирана соработка меѓу бизнис секторот и ГО
– Александра Петровска Горин, Фармахем
– Бесир Дерњани, Фондација за развој на образование и култура АЛБИЗ
– Љупчо Крстевски, Локална акциска група Преспа
14:30 – 14:45 Дискусија
14:45 – 16:00 Донациите и спонзорствата за градење на инклузивно општество
– Никица Кусиникова, Конект

 

Регистрирајте се за настанот 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дискусија за соработката меѓу бизнис заедницата и граѓанското општество