Пријави учество на Фестивалот „Ден на граѓанските организации 2020“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пријави учество на Фестивалот „Ден на граѓанските организации 2020“ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 29 септември 2020 12:04

20200929 festival

Цивика мобилитас со задоволство ве поканува да земете активно учество на Фестивалот на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации“ кој ќе се одржи на 17 октомври 2020 година во Градскиот парк на Школка, Скопје. Очекувано е периодот на траење да биде од 10 до 16 часот. На Фестивалот можете да учествувате со креативна акција, презентација на штанд или двете.

Искористете ја можноста да го промовирате придонесот на вашата организација во општеството и заедницата пред граѓаните. Преку вакво неформално дружење, граѓаните ќе бидат подобро информирани за работата на граѓанските организации, а ќе ги мотивирате и да го зголемат нивниот ангажман.

За подобар контекст, погледнете ги информациите за минатите фестивали

https://civicamobilitas.mk/vesti/uspeshno-zatvoren-denot-na-graganskite-organizatsii/

https://civicamobilitas.mk/vesti/interaktivno-zapoznavane-vo-srtseto-na-skopje/

Поради моменталната ситуација, бројот на учесници на настанот ќе биде ограничен и ќе се спроведе принципот „прв јавен- прв услужен“.

Вашето учество на настаните можете да го пријавите со пополнување на пријавата најдоцна до 5 октомври 2020 година до 16 часот.

Пријави учество

 

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Пријави учество на Фестивалот „Ден на граѓанските организации 2020“