Потребни се координирани акции во борбата против корупцијата во Југоисточна Европа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Потребни се координирани акции во борбата против корупцијата во Југоисточна Европа PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 март 2023 10:05

На 21 март во Софија, се одржа настан Антикорупција и национална безбедност како дел од антикорупциската група на Самитот за Демократија на кој имаа можност да учествуваат неколку претставници од МЦМС. 

Sandro Arabyan CSD March 6

Војната во Украина ја истакна важноста од заштита на граѓаните, човековите права и преземањето неопходни чекори за ефикасна борба против корупцијата, е еден од главните заклучоци од политичкиот форум, организиран од Центарот за изчување на демократијата, Басел Институт и СЕЛДИ мрежата.

Настанот во Софија беше испланиран како платформа за соработка за претставниците на владите и граѓанското општество од Југоисточна Европа и претставниците од Европа и светот. 

На настанот свое обраќање имаше и Претседателот на Бугарија, Румен Радев кој изјави дека „Само заедно, во силната интеракција, соработка, размена на информации и корисни практики, можеме ефикасно да се бориме против овој негативен феномен на нашето време“.

Sandro Arabyan CSD March 55

Дополнително свое обраќање имаа и Андреа Брујет-Родригез, вршител на должност Амбасадор на Америка во Бугарија, Холандискиот Амбасадор во Бугарија, Симон ван дер Бург и други високи претставници од САД.

Претставници на владите и министри за правда од земјите од регионот имаа можност да ги презентираат постигнувањата на владите и ја дискутираа агендата за следните чекори. 

Како продолжение на настанот, претставници на антикорупциските институции и граѓански организации имаа можност да споделат добри практики и практични решенија за заеднички акции. Говорниците се фокусираа на достапните методологии и политики за откривање и санкционирање на незаконито богатење и обезбедување препораки како анкетните листови може да се користат поефективно во превенција на корупцијата. Александар Кржаловски, директор на МЦМС ја модерираше оваа сесија и истакна дека потребно е да се преземат чекори за надградување на постоечките антикорупциски политики и мерки и го потенцираше потенцијалот на јавно-приватното партнерство во превенцијата и борбата против корупцијата.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Потребни се координирани акции во борбата против корупцијата во Југоисточна Европа