МЦМС ќе спроведува дел од програмата „Форуми на заедниците“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС ќе спроведува дел од програмата „Форуми на заедниците“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 20 март 2008 01:00

МЦМС потпиша договорот со Швајцарската агенција развој и соработка и општината Карбинци за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“. Освен МЦМС, оваа фаза од програмата ќе ја спроведуваат и Центарот за институционален развој (ЦИРа) и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ). Освен во Карбинци, програмата ќе се спроведува и во општините Чаир, Струмица, Чашка и Дебар.

s1

„Форуми во заедниците“ имаат цел да го поддржат учеството на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Во периодот од 2007 до 2010 година се очекува да бидат вклучени 25 општини и да се зголеми бројот на организации што ќе ја спроведуваат програмата. Буџетот на програмата за овој период ќе изнесува 4,091,000 швајцарски франци.

s2

„Форуми на заедниците“ е проверен модел. „Ние не се обидуваме повторно да ја измислиме топлата вода“, рече на потпишувањето на договорите Роман Дарбелеј (Roman Darbeley), Раководител на соработка и заменик шеф на мисијата. „Она што веќе функционира добро, го прилагодуваме и применуваме овде“, додаде тој. Пријавените 28 општини на конкурсот за програмата за Дарбелеј е демонстрација на успешноста на потфатот.

s3

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) е една од страните вклучени во програмата. „Со задоволство влеговме во програмата“, рече Андреј Петров, претседателот на ЗЕЛС, „посебно поради тоа што го имавме предвид успешното спроведување во Прилеп, Кичево и Ѓорче Петров. Ова е можност граѓаните да влијаат, тие да бидат креатори на случувањата“, додаде Петров.

Од името на општините се заблагодари Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС ќе спроведува дел од програмата „Форуми на заедниците“