Сашо Клековски - Консултант - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Сашо Клековски - Консултант PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 20 октомври 2008 11:17

Сашо КлековскиСашо Клековски, Консултант
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Роден е на 13 април 1966 г. во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1994 г. е извршен директор на МЦМС. Има над 20 години работно искуство во граѓанските организации во Македонија, а како консултант е ангажиран изминатите 10 години. Со практично искуство во раководење и подготовка на секторски анализи и стратегии и се стекнува како извршен директор на МЦМС. Практичното искуство вклучува раководење со 30 и повеќе вработени, со над 1500 проекти во Република Македонија и Косово и со буџет над 45 милиони евра. Тој постојано ги надградува и своите теоретски знаења и практичното искуство. Учествувал на обуки во организација на МДФ, Холандија, но и на други меѓународни консултантски куќи. Поради неговото знаење, искуство и вештини бил ангажиран во повеќе мисии за оценка на програми и организации, како и за проценка на потребите во Македонија, но и во Кавказ, Централна Азија и Балканот. Исто така е вклучен во подготовката и на повеќе секторски анализи. Автор е на дваесетина публикации и написи. Клековски е докажан експерт заради што често е канет да говори на конференции во Македонија и странство, а фасилитирал и бројни работилници, состаноци и тркалезни маси. Негови клучни квалификации се секторски анализи, анализи на организации и управување, развој на капацитети, фасилитација, управување со конфликти и постконфликтен одговор.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Сашо Клековски - Консултант