Промовирани Граѓанските информатори во Велес - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промовирани Граѓанските информатори во Велес PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 09 ноември 2009 13:05

Денес во Велес беа промовирани Граѓански информатори за услуги, кои треба да обезбедат пристап на граѓаните до информации за услугите. Промоцијата беше дел од одбележувањето на 9 ноември и 65 години слободен Велес.

Промовирани Граѓанските информатори во Велес

Граѓанските информатори ги промовираа  Славчо Чадиев, Претседател на Советот на општина Велес и Сашо Клековски, прв извршен директор на МЦМС. „Велес, градот на македонските дејци, е најдобра илустрација дека луѓето се најголемото богатство на Велес и Македонија. За развој на тоа богатство, луѓето, потребно е да се употребат и развиваат нивните способности и отвореност и  да се вклучуваат во општествените текови. Граѓанските информатори се еден мал дел од мозаикот за отворен и транспарентен Велес. Со тоа Велес продолжува да биде град пример“, рече Клековски.

Промовирани Граѓанските информатори во Велес

Граѓанските информатори се дел од Граѓанскиот сервисен центар, кој веќе две години работи во рамките на општина Велес. Оваа активност на Велес ја поддржа МЦМС.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Промовирани Граѓанските информатори во Велес