Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

2009 – Меѓусекторска соработка PDF Печати Е-пошта

2009-godina-na-vizna-liberalizacijaСпроведена е кампањата „Чиста сметка - здрава вода“. Издаден е Адресар на организации на иселеници. Основан е сојузот „Македонија без дискриминација“ од 11 организации. МЦМС се посвети на меѓусекторска соработка илустрирана со учество во Националниот совет за европски интеграции и со придонесот за воспоставување на Заеднички-от консултативен комитет на граѓанското општество ЕУ-РМ.

Во 2009 година се чувствуваа негативните ефекти на глобалната економска криза. Еден од ефектите на глобалната економска криза е намалување на буџетите на странските влади за развојна соработка. Годината ја одбележа визната либерализација и позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. МЦМС во 2009 година се посвети на утврдувањето на два предлог закони – Законот за здруженија и фондации и Законот за спречување и заштита од дискриминација. Значајна активност беа и форумите во заедниците кои се спроведуваат во општините Аеродром, Битола, Ресен, Бeрово, Радовиш, Конче и Карбинци. МЦМС имаше зголемена комуникација, со учество во работата на Националниот совет за европски интеграции и особено со активниот придонес за воспоставување на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество ЕУ-РМ, кој кон крајот на септември ја одржа својата конститутивна седница во Брисел.

Во делот на односи со јавноста, МЦМС комплетно го преуреди и промовираше нов изглед на својата веб-страница, која е поинформативна и технички многу напредна, што наиде на позитивен прием кај корисниците.

Прв Адресар на организациите на иселениците од Македонија

МЦМС заедно со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија го издадоа првиот Адресар на организациите на иселениците од Македонија.

Адресарот има за цел да ја подобри информираноста за организациите на иселениците од Македонија, како меѓу нив самите, така и кај пошироката македонска јавност. Тој презентира информации за 584 организации, од вкупно 25 земји.

„Задоволни сме од овој прв потфат но, во исто време и свесни дека Адресарот има само основни контакт информации за организациите на иселениците и дека во иднина треба да се надградува“, рече на промоцијата Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС. Очекуваме ова да биде предизвик и за организациите кои се и оние кои не се дел од ова прво издание, па заедно во иднина да направиме Адресар кој ќе има повеќе информации за самите организации и нивните активности“, додаде тој.

На промоцијата присуствуваше и Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора, организација на иселеници од Македонија со седиште во Вашингтон. „Задоволни сме што добивме едно вакво издание“, рече на промоцијата Колоски. „На дијаспората и требаат вакви информации за да и ја олеснат меѓусебната комуникација, а секако и за подобра комуникација на организациите и граѓаните од Македонија со организациите на иселениците“, додаде тој.

„МЦМС во 2009 година имаше вкупен обем (портфолио) од 27 проекти и буџет од 88 милиони денари. Се регистрираа две мрежи, чиј иницијатор и основач е МЦМС: Македонија без дискриминација (МБД) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН). Со изборот на Александар Кржаловски за извршен директор се комплетира Одборот на директори на МЦМС.“

Годишен извештај на МЦМС за 2009 година.

2009

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја 2009 – Меѓусекторска соработка