Press Online: Над 90 отсто Македонци сакаат влез во ЕУ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Press Online: Над 90 отсто Македонци сакаат влез во ЕУ PDF Печати Е-пошта
Петок, 24 октомври 2008 10:00

Над 90 отсто од граѓаните сакаат Македонија да стане членка на Европската унија, а 56,3 проценти сметаат дека државата ги исполнила условите за прием.

fa617ef4fcf51146b8b03edbfa3f7d42

Ова се резултатите од анкетата што минатата недела ја спроведе Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во рамки на кампањата "Спомнете ја Македонија за добро". Со неа беа опфатени 1.200 граѓани.

Според анкетата, 40,2 отсто од консултираните граѓани не се задоволни од ангажманот на Владата за евроинтегрирање на Македонија во ЕУ. Поделеноста по ова прашање е најголемо меѓу симпатизерите на политичките партии.

Кампањата "Спомнете ја Македонија за добро" се спроведува веќе два месеца, а во наредниот период ќе продолжи како акција под мотото "Кажете ОК за МК".

"Целта на кампањата во чии рамки се предвидени повеќе типови активности е граѓаните да ја поддржат Македонија во напорите за евроинтегрирање", рече на денешната прес-конференција Јулијана Тешија од Форум центарот за стратегиски истражувања и документација.

Проектот што се реализираше изминатите два месеца чини 1,5 милиони денари, а го организираат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Форум центарот за стратегиски истражувања и документација, како и Потрага по заедничка основа. Средствата се обезбедени од фондот на МЦМС предвиден за ваков вид акции.

Види ги резултатите на истражувањето

Извор: Press Online

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Press Online: Над 90 отсто Македонци сакаат влез во ЕУ