Press Online: Промовирани пет книги од проектот Поврзување на религиите во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Press Online: Промовирани пет книги од проектот Поврзување на религиите во Македонија PDF Печати Е-пошта
Петок, 24 октомври 2008 09:49

Македонскиот центар за меѓународна соработка денеска промовираше пет наслови од проектот Поврзување на религиите во Македонија.

Делото Декалог на македонски и албански јазик, од професор Ратомир Гроздановски декан на Богословскиот факултет е посветено на христијанската религија, Вистинска љубов од монсињор Антун Циримотиќ говори за аспекти на католицизмот, Основи на јудаизмот е на Цадик Данон, Исламот и другите религии е дело на исламскиот теолог Исмаил Раџи ал Фаруки, а Историјата на евангелско-методистичката црква е од Михаил Цеков.
Промоторите на делата Исмаил Барди од Факултетот за исламски науки во Кондово и Јован Белчевски професор на Богословскиот факултет подвлекоа дека нивното публикување претставува значаен придонес во запознавањето со верата и битот на религиите на другите заедници. Според професор Белчевски тоа особено се однесува на јудаизмот со оглед дека еврејската заедница во Македонија е десеткувана во времето на Холокаусот и денеска ја сочинуваат 70-тина семејства.
Според Барди, Декалогот на Гроздановски е прва книга од ваков вид објавена на албански јазик, која може да помогне во проучувањето на христијанската религија меѓу албанската говорна популација.
Претставникот на МЦМС и раководител на проектот Поврзување на религиите во Македонија Александар Кежаловски истакна дека целта на проектот е да ја поддржи и поттикне соработката меѓу верските заедници, особено по конфликтот од 2001 година, бидејќи претставуваат значаен фактор и можат да делуваат врз подобрување на нивната соработка.
Со денешната промоција МЦМС го финализира Проектот кој е финансиски поддржан од норвешката и данската црковна помош со 1,2 милиони денари. Делата се отпечатени во изминативе две години и дистрибуирани во објектите на верските заедници во Македонија.

Извор: Press Online

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Press Online: Промовирани пет книги од проектот Поврзување на религиите во Македонија