Започна студиската посета од Северна Ирска посветена на медиумите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна студиската посета од Северна Ирска посветена на медиумите PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 03 октомври 2011 09:26

Од денес, па до 6 октомври 2011 година ќе се одвива студиската посета на новинари и граѓански активисти од Северна Ирска на Македонија.

IMG 8323

Ова е возвратна посета, откако новинари и граѓански активисти од Македонија ја посетија Северна Ирска во јуни оваа година. Посетата е дел од проектот МОСТ што го спроведуваат МЦМС и Mediation Northern Ireland (MNI) од Северна Ирска. Целта на проектот е да се споделат добрите практики помеѓу клучните институции во Северна Ирска (и пограничните подрачја на Република Ирска) и Република Македонија во четири различни тематски сектори: полиција и правда, локална самоуправа, религија и медиуми.

За време на посетата, гостите од Северна Ирска ќе се сретнат со граѓански организации кои работат на проекти поврзани со медиумите и прашањата на надминување на конфликтите, ќе имаат средби во повеќе печатени и електронски медиуми и ќе посетат дел од подрачјата каде што се одвиваше конфликтот во 2001 година.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Започна студиската посета од Северна Ирска посветена на медиумите