Ќе се реконструира главната улица во Крива Паланка - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ќе се реконструира главната улица во Крива Паланка PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 26 декември 2011 13:51

Граѓаните на Крива Паланка, на 21 декември 2011 година, на петтата форумска сесија го избраа проектот кој ќе се спроведува со средствата од програмата Форуми во заедницата. „Со реконструкција на делот од главната улица на локалитетот Стара чаршија истовремено ќе се решат повеќе проблеми кои ги мачат граѓаните“, рече во своето обраќање до граѓаните Валентина Ангеловска во името на работната група која го подготви проектот. „Дотраениот коловоз од коцки ќе се замени со асфалт, пешаците ќе добијат тротоари за безбедно движење, ќе се реши атмосферската канализација, улицата ќе се електрифицира и ќе се санира паднатиот потпорен ѕид кај Зелениот пазар. Со тоа ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните, а Крива Паланка ќе добие подобар изглед на централното градско подрачје“, додаде таа.

IMG 9866

Проектот го надминува фондот од 2.800.000 денари кои ги обезбедија Швајцарската агенција за развој и соработка и општината Крива Паланка. Затоа, градоначалникот, Арсенчо Алексовски, од името на локалната самоуправа, изрази подготвеност општината да ги обезбеди потребните дополнителни средства (вкупниот буџет на проектот е 4.926.025 денари) за да може проектот да се реализира во целост.

Кристина Хаџи-Василева, извршна директорка на Единицата за координација на форумите и Димче Митрески, извршен директор на МЦМС им честитаа на граѓаните на Крива Паланка за успешно завршениот процес во кој до израз дојде нивната партиципација, ентузијазмот и енергија со кои се впуштија во наоѓање решенија на проблемите.

Petta forumska sesija - Kriva Palanka 3

Оливера Станковска и Горан Георгиев во името на учесниците на форумот му ја предадоа на градоначалникот листата со препораки во која се наведени голем број приоритетни проблеми на граѓаните, како и останатите 4 предлог проекти, кои не обезбедија финансиска подршка од Форумот.

Спроведувањето на проектот ќе се одвива до ноември 2012 година кога ќе биде организирана последователната форумска сесија на која ќе бидат презентирани резултатите од сработеното.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ќе се реконструира главната улица во Крива Паланка