Нови регионални активности за борба против корупцијата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нови регионални активности за борба против корупцијата PDF Печати Е-пошта
Среда, 12 септември 2018 14:15

На 5 и 6 септември 2018 година,  во просториите на МЦМС се одржаа првиот годишен координативен состанок и првиот состанок на Управниот комитет на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавната свест“. На состанокот учествуваа 12 претставници од 10 организации членки на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ, како и проектниот тим од МЦМС.

Novi regionalni aktivnosti za borba protiv korupcijata 1

„Со проектот ќе се утврдат приоритетите, потребите и целите во борбата против корупција во земјите од Западен Балкан, на кои потоа ќе се фокусираат активностите“, рече Александар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС и додаде дека ова е трет во низата проекти за СЕЛДИ финансирани од Европската Унија.

Во периодот што претстои ќе биде  подготвен и објавен повикот за доделување на мали грантови на тнр. грас-рут и мали организации кои работат во областа на антикорупцијата; ќе се направат подготовките за спроведување на системот за следење на корупцијата; ќе се подготви краток документ за јавни политики и обука за зајакнување на капацитетите на партнерите за истражување и воведување нови методологии. Покрај тоа, ќе се работи и на воведување нова методологија која ќе го дијагностицира феноменот на заробена држава.

Novi regionalni aktivnosti za borba protiv korupcijata 2

„СЕЛДИ во изминатиот период покажа дека има капацитет да влијае на антикорупциските политики во регионот. Сепак за проширување на активностите и поголема успешност во наредниот период сите организации членки треба да се посветат на пронаоѓање на нови фондови“ - истакна Руслан Стефанов, директор на сектор во Центарот за изучување на демократијата од Бугарија. 

На средбата, покрај работниот план беа разгледани и дискутирани и планот за застапување, планот за видливост и комуникација како и планот за набљудување и оценка на постигнатите резултати на СЕЛДИ.  

Проектот го координира МЦМС, а се спроведува во соработка со дванаесет организации од регионот и дваесет и една организација кои имаат статус на соработници. Финансиската поддршка е обезбедена од Европската Унија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нови регионални активности за борба против корупцијата