Граѓаните ги поддржаа сите четири концепти - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните ги поддржаа сите четири концепти PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 16 јануари 2012 15:42

Граѓаните на Чешиново-Облешево на 12 јануари 2012 година присуствуваа на третата по ред форумска сесија. Тие имаа можност да слушнат четири концепти што ги подготвија работните групи помеѓу двете форумски сесии: „Опрема за одлагање на смет“; „Чистење на дивите депонии и уредување на просторот“; „Специјална механизација за собирање, изнесување и депонирање на смет“ и „Подигање на јавната свест за чиста и здрава околина“.

3  Forumska sesija - Ceshinovo-Obleshevo 1

На форумската сесија присуствуваа 95 граѓани, а дел од нив активно се вклучија во дискусијата давајќи забелешки и препораки за подобрување на концептите или едноставно давајќи ја својата поддршка за решавање на проблемите третирани во нив.

Работните маси ги прифатија сите концепти кои понатаму ќе се развиваат во предлог проекти. Од страна на учесниците на форумот беа дадени и неколку значајни препораки кои треба да ги имаат во предвид работните групи при изготвувањето на предлог проектите. „Работниците кои што работат во Јавното комунално претпријатие навистина работат под тешки услови, посебно поради тоа што домаќинствата немаат соодветни канти за складирање на сметот“, рече Драги Мицов од с. Теранци. „Скромната механизација со која се изнесува отпадот е најголем проблем за вработените. Сметам дека ние како граѓани на оваа општина треба најголема предност да им дадеме на тие две работи“, додаде тој.

3   Forumska sesija - Ceshinovo-Obleshevo 2

На оваа форумската сесија беа дополнети работните групи кои ќе ги развиваат концептите во предлог проекти. Работилницата за предлог проектите е закажана за 17, а следната форумска сесија за 26 јануари 2012 година.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓаните ги поддржаа сите четири концепти