Механизација за почисто Чешиново-Облешево - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Механизација за почисто Чешиново-Облешево PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 Февруари 2012 11:48

Граѓаните на Чешиново-Облешево ги разрешија дилемите, гласаа и одлучија парите од проектниот фонд на Форумите во заедниците да ги наменат за купување на Специјална механизација за собирање, изнесување и депонирање на смет.

IMG 0411

Вкупниот буџет на проектот изнесува 6.035.765 што го надминува буџетот на програмата. Имајќи ја предвид важноста на овој проект за целата општина, градоначалникот Јорданчо Лефков, во името на општината, се согласи да ги обезбеди дополнителните средства над проектниот фонд. На петтата форумска сесија што се одржа на 22 февруари 2012 година беше заокружен уште еден процес во кој граѓаните се вклучија во носењето на одлуките кои се од голема важност за подобрувањето на животот во нивните заедници.

Другите два проекти, кои заради ограниченоста на проектниот фонд не можат да се реализираат сега, граѓаните ги ставија на листата на препораки што му ја предадоа на градоначалникот Лефков. „Би сакале општината и градоначалникот да најдат сила и средства да ги реализираат препораките во наредниот период и на тој начин им излезат во пресрет на потребите на граѓаните“, рече Катерина Стојанова. „Ова ќе ни покаже на нас, граѓаните, дека општината и градоначалникот се отворени за нашите сугестии и нашето учество во креирањето на одлуките“,  додаде Стојанова која од името на граѓаните на општината му ги предаде препораките на градоначалникот Лефков.

IMG 0427

Градоначалникот се согласи дека ова се горливи проблеми и им се заблагодари на граѓаните за нивното посветено учество на форумските сесии што ја покажува нивната желба да бидат активни во решавањето на нивните проблеми. „Општината ќе продолжи да бара нови фондови за да може да ги реализира препораките што и ги упативте вие, граѓаните на Чешиново-Облешево“, додаде тој.

Пред крај на сесијата беше формирана работна група која ќе го следи спроведувањето на проектот и на препораките.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Механизација за почисто Чешиново-Облешево