Презентирана алатката за застапување за развој на овозможувачка околина на граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Презентирана алатката за застапување за развој на овозможувачка околина на граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Среда, 30 мај 2012 00:00

Експерти и практичари од членките на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) со поддршка од Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) изминатите месеци развија матрица за набљудување на овозможувачката околина за развој и функционирање на граѓанското општество.

IMG 0107

Матрицата беше за прв пат презентирана на работилницата организирана од БЦСДН на 30 мај 2012 г. во Брисел пред 40-тина претставници на Европскиот парламент, Европската комисија, Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), повеќе граѓански организации од Европската Унија (ЕУ) и од Балканот. Учесниците имаа можност да слушнат и да разговараат за целта, примената и процесот на подготовка на матрицата, како и подетална презентација на областите и показателите.

IMG 0061

Матрицата ги дефинира принципите и стандардите за развој на граѓанското општество во седум области: основно и фискално законодавство, владини политики и институционална рамка, учество на граѓанските организации (ГО) во носењето одлуки, финансирање, вклученост на ГО во испорака на јавни услуги, човечки ресурси и меѓусебна доверба (со државните институции). Матрицата е направена од ГО за ГО, првенствено како алатка за застапување, за мониторинг и за мерење на развојот на ГО, но и за другите организации и институции. На пример, матрицата може да ѝ служи на ЕК при подготовката на извештаите за напредок на балканските земји. Членовите на Европскиот парламент, како и претставниците на ЕК ја поздравија иницијативата, укажаа на нејзината корисност и дека истата може да се употреби за членките на ЕУ. Всушност, ваков предлог дојде и од Апродев, односно матрицата да биде претставена во рамки на Отворениот форум за ефективност за развој на ГО.  МЦМС учествуваше во подготовката на матрицата (Емина Нурединоска) и на самата работилница (Даниела Стојанова).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Презентирана алатката за застапување за развој на овозможувачка околина на граѓанското општество