Нова стратегија и приоритети за пристапот на Ромите до фондови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нова стратегија и приоритети за пристапот на Ромите до фондови PDF Печати Е-пошта
Вторник, 10 јули 2012 15:08

На 2 и 3 јули 2012 г. во Велес се одржа регионален состанок за дефинирање на стратешките насоки на иницијативата „Да се направи максимум со фондовите од ЕУ за Ромите (МтМ)“. На состанокот учествуваа 20-тина претставници на националните спроведувачки организации од Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска, како и претставници на релевантни институции од овие четири земји, на Институтот Отворено општество (ИОО) и на Секретаријатот на Декадата на Ромите.

IMG 0756

Учесниците расправаа и дефинираа стратешки цели, очекувани резултати, активности и показатели во четири компоненти на МтМ. Во првата компонента за набљудување и застапување се расправаше за најдобрите начини за влијание на програмирањето на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за поголема застапеност на социјалното вклучување на Ромите. Во втората компонента за техничка помош на ромските граѓански организации, беше споделено искуството на националните партнери од Македонија, МЦМС и ИнСОк, кои најдолго ја спроведуваат оваа компонента со новите партнери. Исто така беа идентификувани начини за подобрување на техничката помош и проширување на можните фондови и сектори. Во компонентата за локален развој и пристапувањето во ЕУ, учесниците разговараа за јакнење на капацитетите на општините со ромско население за вклучување на локалните потреби во програмирањето на ИПА, но и на националниот буџет. Учесниците во последната компонента за регионална соработка дефинираа сет активности кои ќе се спроведат на национално и регионално ниво за подобро застапување на интересите на ромското население во четирите земји.

IMG 0743

МтМ е иницијатива на Институтот Отворено општество (ИОО). Во Македонија, национални партнери на иницијативата се МЦМС и ИнСок. МтМ се стреми да ги поврзе зацртаните цели за социјална инклузија на Ромите со развојните ресурси на Европската Унија (ЕУ), но и на националните влади со потребите на ромското население.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нова стратегија и приоритети за пристапот на Ромите до фондови