Градот доби нов лик со спроведениот проект од Форумите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градот доби нов лик со спроведениот проект од Форумите PDF Печати Е-пошта
Четврток, 13 декември 2012 00:00

На 12 декември 2012 година, во општина Македонски Брод, се одржа шестата (последователна) форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“. Пред граѓаните беа презентирани резултатите од реализираниот проект: “Уредување на кејот и изградба на патека за пешачење, трчање и други спортски активности покрај речното корито во централното градско подрачје”.

IMG 7945

Со изградбата на кејот покрај речното корито, централното градско подрачје доби сосема нов изглед кој ја поврзува традицијата со современиот дух. Се воспостави континуитет со претходно изведената фаза - градскиот плоштад и на тој начин централниот дел на градот доби нов урбан лик со можност за прошетки и рекреација. Во проектот беа вложени вкупно 6.786.122 денари од кои 2.400.000 се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, а 4.386.122 се општински средства.

„Спроведениот проект е од голема важност за нас граѓаните“, рече Звонко Блажески. „На форумските сесии имаше и многу други интересни предлози, но сепак мислам дека не згрешивме што се одлучивме баш за овој проект. Со реализирањето на проектот се разубави централното градско подрачје и нашиот град доби еден нов лик. Преку форумот имавме можност да го следиме целиот процес од иницијатива до реализација. Оваа година проследивме уште еден форумски процес и верувам дека форумот се одомаќини кај нас, а ние граѓаните веќе ја сфативме неговата важност".

IMG 7938

На сесијата беше презентирана Информација за преземените активности и состојбата на предлозите произлезени од граѓаните на форумскиот проецес. „Програмата „Форуми во заедницата“ е најдемократскиот и најтранспарентниот начин за активно учество во донесувањето на одлуките и решавањето на проблемите во нашата заедница. Единствено за време на форумите, стотина граѓани седат заедно во една просторија и заеднички дискутираат за проблемите во својата општина", вели Весна Маркоска.

Шестата (последователна) форумска сесија беше завршена со обраќање на градоначалникот Милосим Војнески, кој ги поздрави присутните и ѝм посака и во иднина да заеднички да остваруваат уште многу вакви проекти, избрани од граѓаните.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Градот доби нов лик со спроведениот проект од Форумите