Проблемите на граѓаните ќе се решаваат со нова механизација за комуналните претпријатија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Проблемите на граѓаните ќе се решаваат со нова механизација за комуналните претпријатија PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 18 Февруари 2013 13:09

На петата форумска сесија од меѓуопштинскиот форум на општините Василево и Босилово што се одржа на 13 февруари и 2013 година, во ресторанот Мис Стон во Василево, граѓаните со 24 гласа поддршка му дадоа на проектот Механизација за комунални претпријатија.

IMG 5003

„По бројот на гласови може да се види дека во моментов за нас граѓаните најприоритетна е набавката на механизација за комуналните претпријатија“, ни рече Игорчо Илиев од Василево. Според него, така ќе се превенираат на терен можните поплави поради запуштените одводни канали. „Верувам дека ова механизација ќе послужи и за други намени на двете локални самоуправи, на пример при поставување водоводни или канализациони системи со ова механизација комуналните претпријатија сами ќе можат да ја одработат работата без да се одливаат општински пари за други фирми. Горд сум што како жители од Василево кои првпат организираме Форум, ја сфативме суштината на и преку дебати заедно со жителите на Босилово успеавме да најдеме решение за еден проблем што не мачи сите“, вели Илиев.

И за Алекса Велков од Босилово форумот е успешен, бидејќи граѓаните од двете општини заеднички одлучиле што е најприоритетно во моментот, а тоа е санирањето на одводните канали и чистењето на тесните грла на реките кои предизвикуваат поплави за време на дождови. „Се надевам дека механизацијата од страна на двете комунални претпријатија функционално ќе се користи и ќе ни реши еден горлив проблем. Од друга страна сум задоволен што граѓаните го препознаа значењето на Форумот односно сами да одлучуваат што е потребно на двете општини“, рече Велков.

IMG 4994

Останатите два проекти „Проектна документација за фекална канализација“ и „Реконструкција на канали за одвод на атмосферските води и јакнење на свеста“ добија ист број гласови, по 12.

На граѓаните им се обратија и двајцата градоначалници, Љупчо Колев, Босилово и Ванчо Стојанов, Василево кои го искажаа своето задоволство до учеството на граѓаните во целиот форумски процес. Граѓаните им ја предадоа листата со препораки произлезени од форумските сесии чие спроведување понатаму е обврска на двете општини.

На крајот од сесијата беше формирана работна група која ќе го следи спроведувањето на проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Проблемите на граѓаните ќе се решаваат со нова механизација за комуналните претпријатија