Дебата: Дискриминација по основ на возраст - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дебата: Дискриминација по основ на возраст PDF Печати Е-пошта
Вторник, 01 октомври 2013 12:54

На 3 октомври 2013 г. (четврток) во 10:00 ч. во конференциска сала на Дуна компјутери во комплексот Хипериум, Скопје МЦМС организира дебата „Дискриминација по основ на возраст“.

Целта на дебатата е да се презентира моменталната состојба во Македонија, европските искуства и практиките на дискриминација по основ на возраст. Исто така ќе се разгледа и улогата на институциите на системот во борбата против дискриминација по основ на возраст, посебно на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД). Посебен осврт ќе се даде на ранливи групи деца, како децата без извод од матичната книга на родени, децата исклучени од образование и деца чиј труд се злоупотребува.

Фасилитатор на настанот ќе биде проф. Др. Беким Кадриу, додека воведничари проф. Др. Ризван Сулејмани од Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) и м-р Драги Змијанац од Прва детска амбасада во светот - Меѓаши.

Со задоволство Ве покануваме да се придружите на настанот, Вашето присуство ќе придонесе за исполнување на целите на проектот - почитувањето на еднаквоста и борбата против дискриминацијата.

Дебатата е дел од активностите на проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ кој го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус – движење против хендикеп, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од програмата Прогрес (2007-2013) на Европската Унија.

Главната цел на проектот е да се придонесе кон почитувањето на еднаквоста, како и да се поттикне борбата против дискриминацијата, преку подигнување на свеста на широката јавност, но и на клучните чинители во општеството. Понатаму, преку проектот ќе се унапредат националните правни инструменти и механизми, со цел да се надминат најголемите предизвици во справувањето со дискриминацијата во пракса.

За потврда на вашето присуство и за дополнителни информации контактирајте го Фисник Шабани преку е-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефон 070/632-692 и 02/3088-994.

Преземи дневен ред за настанот.

Facebook event.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дебата: Дискриминација по основ на возраст