Дебата за односите на Македонија со соседите и спорот за името - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дебата за односите на Македонија со соседите и спорот за името PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 20 јануари 2014 12:49

МЦМС и ИДСЦС на 16 јануари 2014 г. во Скопје организираа јавна дебата „Односите на Република Македонија со соседите и спорот за името“. Над 100 учесници на дебатата имаа можност да ги слушнат ставовите на Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошовски, пратеник во Собранието на Република Македонија, Стево Пендароски, универзитетски професор и претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграции во СДСМ и Ризван Сулејмани, универзитетски професор и Сашо Клековски, аналитичар, кој е и автор на извештаите од истражувањата на двете теми. Дебатата ја модерираше Владимир Мисев.

1403459 10151942588293106 104098228 o

На почетокот на дебатата Сашо Клековски ги изнесе резултатите од истражувањата за „Спорот за името 2013“ и „Глобалното водство, соседство и односите со Бугарија 2013“. Според овие испитувања, македонските граѓаните за најпријателска земја и најдобар сојузник ја сметаат Турција, втора е Србија, која е и перципирана како најпријателска од сите соседи. Историјата и нејзиното толкување, според македонските граѓани се најголема пречка за поинтензивна соработка меѓу Македонија и Бугарија. Граѓаните, според истражувањето, сакаат, но не очекуваат брзо решение на спорот за името. Сметаат дека треба да има широк договор за негово решение. Во пораст е ставот против каква било промена на името, а идентитетот продолжува да биде гранитна црвена линија.

Министерот Никола Попоски, укажа дека Македонија има добри односи со Грција на економски план, што оди во прилог на општите односи меѓу двете земји и членството на Македонија во ЕУ ќе има економско влијание и ќе ги релаксира билатералните односи (повеќе комуникација, дијалози, конкретни ангажмани за отворени граници, инфраструктура). Во однос на решението тој смета дека е потребно да се води сметка за резолуциите на Советот за безбедност, времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата и да не го загрози националните параметри, а да биде поддржано на референдум.

Професорот Стево Пендаровски, го потенцираше недостатокот на широк партиски и етнички консензус во однос на македонската надворешна политика, а со тоа и за важно прашање како што е името. Пендаровски посочи и повеќе примери за постигнување консензус во соседните земји за битни прашања. Понатаму, во однос на името, тој смета дека е очигледно дека спорот не може да се реши билатерално, и затоа е потребен стратешки  спонзор, како САД или Германија, денешните столбови на меѓународната/ европската политика.

891874 10151942588833106 746722702 o

Професорот Ризван Сулејмани посочи дека наодите од анкетата за спорот за името, покажуваат дека  прашањето преминало од фаза на разумно резонирање во фаза на толпа, која говори со страв. Според него се покажува дека денес меѓународното право не вреди многу, така што е потребна друга стратегија за решавање на спорот за името. Меѓутоа, Сулејмани смета, дека јавното мислење во земјата за името следи два колосека – либералниот или левичарскиот и конзервативниот или националистичкиот, а запраша и каде се Албанците во ова прашање. Додаде дека припадниците и на двата колосека се сложуваат дека има ризик од ситуацијата, но нема решение.

Пратеникот Антонио Милошовски, говореше за тоа дека со години расте бројот на граѓани кои се против спорот за името, за што најголем виновник е пристапот на Грција.  За него, колку притисокот од Грција е поголем, толку македонските граѓани стануваат поотпорни кон тие агресивни и долгорочни притисоци. Понатаму, Милошовски додаде дека Грција има различен однос од Македонија кон спорот со името, Грција го применува аргументот на силата, додека Македонија го применува аргументот на правото. Тој смета дека разговорите меѓу Македонија и Грција треба да се замрзнат и истите да продолжат во оној момент кога Грција официјално ќе се изјасни за пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Дискусиите на учесниците беа фокусирани на интересите и придобивките од членството во ЕУ како за црвената линија, односно кое е прифатливо решение за спорот за името од македонска страна.

Дебатата, како и резултатите од испитувањата на јавното мислење за овие две теми треба да придонесат кон информирана јавна дебата за предизвиците на Македонија во натамошните евроатлантски интеграции.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дебата за односите на Македонија со соседите и спорот за името