Државни службеници се запознаа со активности на МЦМС за борба против корупцијата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Државни службеници се запознаа со активности на МЦМС за борба против корупцијата PDF Печати Е-пошта
Среда, 19 Февруари 2014 11:15

На 12 февруари 2014 година во хотелот Стоунбриџ во Скопје, МЦМС во соработка со Центарот за изучување на демократијата од Бугарија (ЦИД), организираше информативен состанок за државните институции кои имаат надлежности во справувањето со корупцијата и судирот на интереси. На настанот присуствуваа 16 претставници на 14 институции (министерства, дирекции, агенции, комисии, правосудни органи, итн.)

drzhavni sluzhbenici se zapoznaa so aktivnosti na mcms za borba protiv korupcijata 3

Целта на состанокот беше да се информираат државните институции за планираниот тек на активностите од Програмата на УСАИД за ани-корупција специфично поврзани со спроведувањето на Системот за следење на корупцијата.

Марија Саздевски од МЦМС, ја презентираше Програмата пред учесниците и истакна дека еден од клучните предуслови за успех е соработката со државните институции. Бугарските експерти Руслан Стефанов и Димитар Марков од ЦИД, дадоа краток осврт на методологијата на Системот за следење на корупцијата, со посебен акцент на информациите и податоците потребни за успешно, квалитетно и целосно спроведување на истражувањето. Тие истакнаа дека овој систем е развиен од страна на бугарскиот Центар за изучување на демократија и дека истиот се применува повеќе од 15 години во Бугарија и во други земји од регионот.

drzhavni sluzhbenici se zapoznaa so aktivnosti na mcms za borba protiv korupcijata 2

Потоа беа дискутирани можностите и подготвеноста на државните институции за соработка во процесот на собирање на податоците потребни за изработка на Извештајот за проценка на корупцијата како и за нивно активно вклучување преку давање коментари и сугестии за подобрување на Извештајот.

Програмата на УСАИД за анти-корупција ја спроведува МЦМС во партнерство со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ). Целта на програмата е зголемена информираност и знаење на граѓанските организации и граѓаните за барање отчетност од институциите како и придонес кон нивниот повисок интегритет.

drzhavni sluzhbenici se zapoznaa so aktivnosti na mcms za borba protiv korupcijata 1

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Државни службеници се запознаа со активности на МЦМС за борба против корупцијата