Прва конференција за филантропија во регионот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прва конференција за филантропија во регионот PDF Печати Е-пошта
Четврток, 17 декември 2015 10:14

Регионалната канцеларија на проектот ТАКСО организираше конференција на тема „Филантропија во Западен Балкан: Инвестирање во иднината“. Конференцијата се одржа од 25 до 27 ноември 2015 во Белград, а учествуваа владини претставници одговорни за правната рамка за филантропија, ГО кои имаат искуство со филантропско давање, корпоративни или индивидуални донатори и медиуми, сите од Западен Балкан и Турција.

Prva konferencija za filantropija vo regionot 2

Конференцијата имаше за цел да овозможи дијалог и да го поддржи зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации за користењето на филантропијата за граѓаните и за општеството, како и да им помогне да ја постигнат организациската мисија, а преку тоа и да обезбедат одржливост.

На конференцијата беше истакнато дека регионот бележи голем напредок во развојот на филантропијата во изминатиот период. Сепак, бројни се предизвиците за понатамошно унапредување и зголемување на улогата на граѓанските организации во поттикнувањето на филантропијата. Тие се разликуваат од земја до земја заради спецификите на законодавството кое го стимулира дарувањето. Важен предизвик е и признавањето на клучната улога на граѓанските организации кои работат со своите заедници и развиваат филантропски практики.

За земјите од регионот, Законот за донации и спонзорства во јавните дејности во Македонија понуди одредени решенија кои беа земени во предвид како добри практики. Македонија е потенцирана како позитивен пример и лидер во регионот кога станува збор за законодавството за потикнување филантропија и покрај одредени утврдени недостатоци во спроведувањето. Дополнително, позитивен и уникатен пример во регионот беше и Анализата на трошоци и придобивки од даночни поттикнувања во законот за донации и спонзорства во јавните дејности подготвена од Центарот за даночна политика, во рамки на проект спроведуван од Конект, финансиски поддржан од Европската Унија.

Prva konferencija za filantropija vo regionot 1

На конференцијата беа идентификувани потребните промени во легислативата за индивидуални и корпоративни давања по земји, а беа изведени и заеднички регионални заклучоци. Каталист Балкан во улога на поддржувач на организацијата на конференцијата, ги претстави прелиминарни-те резултати од следењето на донирањата во регионот, меѓу кои и за Македонија. Каталист ги собира податоците за домашната филантропија од медиумите и јавниот домен со што  обезбедува квантитативни и квалитативни податоци за растот и структурата на филантропскиот сектор.

Работната група за Македонија ја идентификуваше потребата од подобрување на административната процедура за определување на јавниот интерес за стекнување на даночно олеснување како клучен предизвик во законодавството. Групата сметаше дека процедурата треба да биде поврзана со примателот на олеснувањето, а не со конкретна донација/спонзорство и да биде ограничена само на непрофитни приматели.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Прва конференција за филантропија во регионот