Како работеше ДКСК од 2006 до 2015 година - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како работеше ДКСК од 2006 до 2015 година PDF Печати Е-пошта
Четврток, 30 март 2017 16:05

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес (30 март 2017 година го презентираше Извештајот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“.

Kako raboteshe DKSK od 2006 do 2015 godina

Извештајот ги следи остварувањата на ДКСК во три области: нејзините перформанси, транспарентност и отчетност. Податоците се добиени од интернет, од ДКСК и преку анкета со граѓански организации. Периодот на следење е 2006 – 2015 година, односно 2016 година кај индикаторите за транспарентност. 

dosegasni-ostvaruvanja-na-dkskНаодите покажуваат дека едукацијата на институциите е клучното постигнување на ДКСК. Таа е активна и во следењето на судирот на интереси. Од 2007 до 2015 година отворени се 1.056 предмети за судир на интереси, решени се 941, а за 356 е констатирано дека има такво прекршување. 

Постои потфрлање во надзорните и контролните надлежности. ДКСК досега не подготвила посебен извештај за можните злоупотреби на буџетските средства и средства од јавните фондови за изборна кампања или воопшто за финансирање изборна и друга политичка активност, бидејќи не утврдила дека имало такви злоупотреби во изборите спроведени од 2006 до 2015 г. Следењето на имотната состојба на избрани и именувани лица опаѓа, од 126 проверени лица во 2011 на 43 во 2015 година. Опаѓа и бројот на барања за поведување прекршочни постапки поради недоставување анкетен лист, од 58 во 2008 на 7 во 2015 г. Исто така се намалува и бројот на барања за кривично гонење на избрани или именувани лица, од 27 во 2008 на 2 во 2015 година. Овие иниција-тиви вклучувале постапки против 96 лица и 74 постапки против група лица. 

Kako raboteshe DKSK od 2006 do 2015 godina 2

Регистарот на именувани и избрани лица е воспоставен во јуни 2016 година и е една од најекспонираните алатки на ДКСК. За жал не е ажурен бидејќи институциите не ги доставуваат навремено податоците. Меѓутоа ДКСК не покренала постапки пред надлежните судови за изрекување глоба на институциите. И граѓаните помалку пријавуваат корупција. Десет пати е помал бројот на пријави во 2015 година споредено со 2007 г., односно, 127 пријави во 2015 г. наспроти 1.114 осум години претходно. 

Соработката со граѓанските организации е недоволна, а нивната експертиза не е искористена. За 72% организации потписници на Меморандумот за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси, соработката со ДКСК ја немало или била недоволна. ДКСК редовно ги објавува годишните планови и извештаи од својата работа, но не ја информира доволно јавноста за активностите поврзани со креирањето политики

Подготовката на извештајот е дел од проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“ што го спроведува МЦМС, а  финансиски е поддржан од Британската амбасада во Македонија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Како работеше ДКСК од 2006 до 2015 година