Меѓурелигиска соработка за прифаќање на културните разлики - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Меѓурелигиска соработка за прифаќање на културните разлики PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 21 мај 2018 15:44

Светскиот ден на културните разлики, дијалогот и развојот, е повод МЦМС да ги презентира постигнувањата од програмата Меѓурелигиска соработка во Македонија која се спроведуваше од 2003 до 2008 година.

20180518 Infograph megjureligiska

Ова е уникатна програма која успеа да изгради мостови на добра воља и соработка помеѓу православните, исламските, католичките, еврејските и протестантските свештеници, студенти и членови на верските заедници во Македонија. Преку проектите се настојуваше да се развие образовната, културната и информативната компонента кај членовите и активисти на верските заедници во Македонија. 

Во текот на програмата се спроведоа осум посети на теолошки факултети со 350 учесници, 20 посети на верски објекти и служби, три летни кампа, 26 разменски предавања со 590 студенти, Денови на верските заедници со 374 посетители, семинар за меѓуверски дијалог со 70 учесници, обуки за основни вештини, адресар на верските заедници, меѓуверски календари, три студиски посети со 17 претставници, се воспостави инфо канцеларија која услужи 56 посетители, а беа објавени и неколку публикации.

„Убаво е тоа што две толку различни вери бараат клуч да ја отворат портата кон заеднички соживот“, рече еден од студентите за време на размената на предавања.

Целта на програмата беше да се збогати соработката помеѓу верските заедници и разбирањето за нив кај целокупната јавност. Исто така, членовите на верските заедници, свештениците можат да играат значајна улога во промоцијата на мирот и почитувањето на разликите, особено затоа што овие вредности треба да ги поседуваат и да ги пренесуваат на нивните верници.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Меѓурелигиска соработка за прифаќање на културните разлики