Владата и граѓаните во расчекор за тоа што е поважно - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Владата и граѓаните во расчекор за тоа што е поважно PDF Печати Е-пошта
Среда, 30 мај 2018 15:51

Целосно или донекаде задоволни од работата на новата Влада се 49% од испитаниците, додека, воопшто или донекаде незадоволни се вкупно 47,4%. Изедначен е и процентот на испитаници кои сметаа дека ситуацијата во земјата во изминатата година се движи во негативна (36,8%) односно во позитивна (35,1%) насока. Ова го покажа најновото истражување на МЦМС и Телевизија Телма посветено на годишнината од воспоставувањето на новата влада.

Vladata i gragjanite vo raschekor za toa shto e povazhno

Министерството за надворешни работи најдобро си ја работи работата, сметаат 9,3% од граѓаните, а според 18,2%, Министерството за здравство, е тоа што најлошо си ја работи работата. 

Владата и граѓаните се во расчекор за тоа што е од најголема важност. Прашањето на името (36,3%) и интеграциите во ЕУ и НАТО (22,4%) се двете области на кои Владата посветила најмногу внимание. Граѓаните пак, сметаат дека она на што треба да посвети внимание се зголемувањето на работните места (26,8%) и економскиот развој (25%).

Гледано низ поединечните мерките што ги презема Владата, единствено кај интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО (58,1%) и образованието (48,5%) граѓаните се во поголем процент целосно или донекаде задоволни, отколку што се донекаде или целосно незадоволни. Незадоволството е поголемо (делумно или целосно) кај мерките за економски раст и вработеност (59,5%), кај зголемувањето на минималната плата (61,0%), кај сузбивањето на корупцијата и криминалот (60,3%), кај реформите во судството (59,0%), кај подобрувањето на јавната администрација (50,8%), кај унапредување на здравствените услуги (63,6%), кај подобрувањето на инфраструктурата (52,8%) и кај активностите за успешно спроведување на попис (59,8%).

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците за последната анкета беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 15 до 23 мај 2018 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1052 испитаници. 

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, што го поддржа УСАИД.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Владата и граѓаните во расчекор за тоа што е поважно