Покана за работилница на тема „Антикорупциска писменост“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Покана за работилница на тема „Антикорупциска писменост“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 декември 2010 15:27

МЦМС ги поканува граѓанските организации да предложат претставник кој ќе учествува на еднодневната работилница на тема  „Антикорупциска писменост“, во петок, 17 декември 2010 г. во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

Покана за работилница на тема „Антикорупциска писменост“

МЦМС во октомври оваа година го издаде извештајот за состојбата со корупцијата во Бугарија „Злосторство без казна“. Работилницата е последователна активноста за јакнење на капацитетите за потребата од спречување на корупцијата во Република Македонија.

Целта на овој настан е да се зголеми информираноста на граѓанските организации за состојбата со корупцијата во Република Македонија, да се направи споредба со другите земји (пред се Бугарија), и да се придонесе за започнување расправа за стратешките приоритети на граѓанскиот сектор во вклученоста за сузбивање и спречување на корупцијата во Република Македонија.

На работилницата ќе бидат опфатени следниве теми:

  1. Клучните сегменти од извештајот „Злосторство без казна“, со посебен фокус на прашањата кои се однесуваат на корупција во граѓанскиот сектор;
  2. Споредба на системот за превенција и спречување на корупција во Република Македонија и Република Бугарија;
  3. Предизвиците за граѓанските организации кои би се занимавале во иднина со прашањето на корупцијата и начини за ефективно делување (дискусија)

Воведничар и фасилитатор: Суад Мисини - Истражувачки центар за граѓанско општество

Ве молиме учество на вашиот претставник да го потврдете до четврток, 16 декември 2010 г. до 12:00 часот. Сите патни трошоци за учесниците надвор од Скопје ќе бидат надоместени од страна на МЦМС.

Лице за контакт е Марија Саздевски на е-mail Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на 071/289-217.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Покана за работилница на тема „Антикорупциска писменост“