Започна студиската посета од Северна Ирска посветена на медиумите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна студиската посета од Северна Ирска посветена на медиумите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 03 tetor 2011 09:26

Од денес, па до 6 октомври 2011 година ќе се одвива студиската посета на новинари и граѓански активисти од Северна Ирска на Македонија.

IMG 8323

Ова е возвратна посета, откако новинари и граѓански активисти од Македонија ја посетија Северна Ирска во јуни оваа година. Посетата е дел од проектот МОСТ што го спроведуваат МЦМС и Mediation Northern Ireland (MNI) од Северна Ирска. Целта на проектот е да се споделат добрите практики помеѓу клучните институции во Северна Ирска (и пограничните подрачја на Република Ирска) и Република Македонија во четири различни тематски сектори: полиција и правда, локална самоуправа, религија и медиуми.

За време на посетата, гостите од Северна Ирска ќе се сретнат со граѓански организации кои работат на проекти поврзани со медиумите и прашањата на надминување на конфликтите, ќе имаат средби во повеќе печатени и електронски медиуми и ќе посетат дел од подрачјата каде што се одвиваше конфликтот во 2001 година.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Започна студиската посета од Северна Ирска посветена на медиумите